„Фронтекс“: Ќе биде тешко да се запре мигрантскиот бран

8

Фронтекс очекува влошување на границата меѓу Грција и Турција поради масовниот прилив на мигранти, се наведува во интерниот извештај на Европската агенција за заштита на границите во кој увид имал герламски „Велт“.

„Ќе биде тешко да се запре масовниот прилив на луѓе кои трнаа на пат,“ пишува во извештјот на Фронтекс.

Се очекува притисокот на надворешните граници на ЕУ да се интензивира дури и ако турските власти повторно го запрат движењето на мигрантите.

Извештајот е напишан во текот на викендот откако Турција минатата недела престана да ги спречува бегалците да тргнат по копнен и воден пат кон Грција. Приливот на мигранти се следи и со брзо ширење на информациите на социјалнитре мрежи, пишува „Катимерини“.

Грција во неделата побара дополнителна помош од Фронтекс по што европската агенција испрати зајакнување на грчко-турската граница.