Фустанот на Ејми Вајнхаус од историскиот концерт во Белград продаден за неверојатна сума

14

Фустанот што Ејми Вајнхаус го носеше на својот последен концерт во Белград во јуни 2011 се продаде на аукција за 243.000 долари, што е 16 пати повеќе од првичните проценки на организаторите.

Англиската пејачка почина на 27 години само еден месец по концертот во Белград, на кој дојде видно пијана и беше исвиркана од дел од публиката. Нејзината лоша физичка состојба дополнително беше нагласена од тесниот зелено-црн фустан со мотиви на цвеќиња и бамбус, дизајниран од стилистката Наоми Пери.

На аукцијата во САД беа понудени повеќе од 800 предмети поврзани со Вајнхаус, од чија продажба беа собрани повеќе од четири милиони долари.