ФФМ со важна информација за навивачите пред натпреварот со Украина

8

Фудбалската федерација на Македонија објави нова информација за навивачите на македонската репрезентација.

-Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден, велат од ФФМ.

Македонија утре со почеток во 15 часот ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Украина.