„Хаити Либре“: Во Хаити во последните месеци од колера починале над 500 лица

2

 

Повеќе од 500 лица починале од колера на Хаити, откако во октомври 2022 година болеста се прошири на ова аостровска земја, соопшти локалниот сајт „Хаити Либре“.

Според податоците на сајтот, лекарите држат под опсервација приближно 22.000 лица, а потврдено е дека 1.900 се заразени.

Хаити, земја со околу 10,6 милиони жители, е најсиромашната земја на западната хемисфера. Околу 40 отсто од населението немаат постојан пристап до чиста вода. Социо-економската ситуација е влошена од високата инфлација, девалвацијата на националната валута и судирите меѓу уличните банди, во кои веќе загинаа стотици луѓе, потсетуваат агенциите.