Хакерски напад врз сајтот на ДИК

139

Софтверот на Државната изборна комисија (ДИК) е цел на хакерски напад од надвор и тоа е причината поради која сѐ уште не може да ги објават резултатите од денешното гласање за предвремените парламентарни избори, јави Канал 5.

 

Во ДИК ги добиваат резултатите, но не можат да ги направат достапни за јавноста.

 

Се размислува како да ги презентираат, дали да држат пресови или по електронски пат да ги пренесуваат.