Харден одби да стане најплатениот кошаркар во историјата

6

Одличниот плејмејкер Џејмс Харден сака по секоја цена да си замине до Хјустон, а неговите желби за следна дестинација се Филаделфија и Бруклин, иако повеќе му се допаѓа Њујорк.

Како поддршка на сето ова, доаѓа и информацијата дека Хјустон му понудил на Харден да го продолжи договорот за уште две години, а за тој период би инкасирал 103 милиони долари.

Сепак, Харден ја одбил понудата. Со одбивање на таа дарежлива понуда од Хјустон, Харден ја пропушти шансата да стане првиот играч во историјата на кошарката со договор од над 50 милиони долари годишно.

Она што е проблем во целата приказна е вредноста на Харден, поточно, „ракетите“ не сакаат да го трејдуваат освен ако не добијат некоја голема замена за Харден, па затоа е јасно дека Брукин ќе треба да даде се од себе и да го извадат најдоброто од младите играчи.

Во Филаделфија веќе имало приказни за незадоволството на главните ѕвезди, па затоа може да очекуваме Бен Симонс или Џоел Ембид да одат во Хјустон, но некако Харден е позаинтересиран за Бруклин, бидејќи таму Кевин Дурент е негов поранешен соиграч.

Се на се, тоа ќе биде интересен развој на целата ситуација, Харден е убеден дека Хјустон нема ниту теоретски шанси да стане шампион во НБА, и затоа сака што побрзо да ја промени средината.