Хаџи Мишев: „Турски тек“ ќе донесе стабилност во снабдувањето со гас

4

Директорот на „Топлификација“, Димитар Хаџи Мишев во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ вели дека „Турски тек“ е замена за „Јужниот тек“, со тоа што сега значењето на „Турскиот тек“ во однос на значењето кое го имаше „Јужниот тек“ од пред 7-8 години е значително намалено.

– Намалувањето на значењето доаѓа оттаму што конвенционалните извори на енергија, врзувањето на емисија на Co2 во атмосферата во меѓувреме станаа проблематични и целиот енергетски свет се обидува тој вид на енергија во наредниот период сериозно да го намали – смета Хаџи Мишев.

Тој додава дека „Турскиот тек“ ќе донесе стабилност во снабдувањето со гас во овој регион, вклучувајќи ја и Македонија.