Ховениер: Напаѓачите врз полицијата и ЕУЛЕКС да одговараат според косовските закони

10

 

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер го осуди вчерашниот напад со шок-бомба врз припадниците на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС, во близина на барикадите во село Рудар во северно Косово.

Ховениер порача дека насилните напади врз косовската полиција и меѓународниот безбедносен персонал се неприфатливи и побара одговорните да се изнесат пред правдата, врз основа на косовскиот правен систем.

– САД се приклучуваат на ЕУЛЕКС во силната осуда на синоќешниот напад врз патролата на ЕУЛЕКС. Нападите врз косовската полиција и меѓународниот безбедносен персонал се неприфатливи и одговорните да понесат одговорност врз основа на косовскиот правен систем, напиша Ховениер на Твитер.