Ходаи за Канал 5 : Денеска ќе знаеме дали ќе продолжи бојкотот

30

Дел од матурантите се уште бојкотираат претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи за Канал 5 вели дека од Демократската унија за интеграција им било речено дека прашањето за матурата ќе биде поставено на владина седница.

Рече дека денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со бојкотот заради тоа што веќе две недели изгубија од наставата .

Министерка за образование и наука Мила Царовска неколку пати повтори дека мора да спроведе доследно законот.

,, Законот е јасен, државната матура е дел од законското решениеа .Според неа државната матура е обврска за сите оние коишто сакаат да го продолжат своето образование кон високо во државата или надвор од неа.вели Царовска за МИА.