Холева оптимист: Очекувам да победиме во Скопје и да се пласираме на Мундијалот

11

Македонската сениорска репрезентација одигра нерешено 24:24 во првиот натпревар од баражот против Чешка за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Нашите најдобри ракометари во Злин имаа и „плус седум“ предност, но на крајот домаќините успеаја да избегнат пораз.

Реванш средбата ќе се игра во недела (17 април) со почеток од 19.00 часот во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ пред околу 7.000 гледачи на трибините.

– Мечот во Злин беше многу тежок, имавме негатива од седум голови на почетокот од второто полувреме, но успеавме да се вратиме и се избориме за реми. На реваншот во Скопје очекувам да победиме и да се пласираме на Светското првенство – се зборовите на чешкиот репрезентативец Матијас Холева на официјалната страница на чешката ракометна федерација.

Македонија ќе се обиде по осмипат да се најде на Мундијалите, додека Чешка ќе го брка своето седмо учество на СП.