Хорват зачуден: Не ми е јасно како Франција прокоцка три разлика!

10

Хрватска нема да игра на Олимписките игри (ОИ) во Токио откако синоќа Португалија направи сензација и ја порази Франција во последните секунди од натпреварот со 29-28.

Новиот селектор на Хрватите, Хрвоје Хорвар не можеше да верува во таков епилог и се сомнева во чесноста на Французите.

„Чудно ми е како прокоцкаа три разлика во самиот финиш, зашто такво нешто на Французите не им се случило досега. Победивме во два меча на турнирот, но не се пласиравме на Олимписки игри. Разочарани сме, не ни е лесно, но мора да гледаме во иднината“, вели Хорват.