ХОРОСКОПОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 Е ‘‘СИКАНАСАНА‘‘!

575

Ако го видите Дедо Мраз некаде дигнете го на клоци и шутирајте го како Лео Меси. Преварант е верувајте ми! Вежбајте шутирање, зашто како и да е, еден ден ке морате да ишутирате за свое добро еден голем број на политичари од јавната сцена. А, ако не го сторите тоа, историјата ке ве ишутира вас, па ке се прашувате ‘‘леле што направивме‘‘.  Е,.. ‘‘леле де‘‘! МРШ ДОМА! Вежбајте шутирање зошто ако многу скоро не почнете да шутирате политичари,.. може ‘‘ да се јебете со све државата‘‘!

 

Од Агим ЈОНУЗ

Македонија е во знакот на Девица. Нели 8 Септември кога е прогласена е во знакот на Девица. Без разлика што со девственост нема врска. Таа е како пробушена таксена марка на некој стар документ. Се е далавера и превара. Политичка.

Во актуелниот момент за оваа година, на никого не му одговара решавање на проблемите зашто ако ги решат, осумдесет проценти од политичарите треба да идат у пичку материну!  Се е ‘‘Ali Express” трговија. Секоја поврзаност со Ali Express и Али Ахмети како асоцијација е случајна и злонамерна. Додуша, има и сличности ама има и различности. Сличноста е во тоа што и двете имиња се многу спомнувани и популарни. Различно е тоа што ако со Али експрес нарачаш пантолони ке добиеш сукња за на свадба, а кај Али Ахмети што и да чуеш да знаеш дека ке биде така како што кажал. Башка муабет е тоа дали на некого му се свиѓа тоа што прави или не. Оваа тема за разговор ви ја оставам како слободна тема во чајџилница сами да си ја дискутирате. Што е исто , а што е различно. Во меѓувреме во колумнава ке се занимаваме со еден податок кој не е ниту трагедија, ниту комедија. Нема сеуште измислено дефиниција современата наука за тоа што конкретно се случува во Македонија.

И куче и маче, и Коте и Моте, и се живо што има очи и уши гледа и слуша дека државата пропаѓа неповратно во амбис, дека пука по сите ќушиња, ама медиумите и актуелните политичари се едногласни дека ‘‘ грабаме јако кон Европа‘‘.  Ма, да ти јебе Европа тетката бре будало! Еве, не мора тетката, ама комшиката обавезно! За да не ти се мешам у фамилија. Ало македонски народе! За да бидеме начисто, под македонски народе ги подразбирам граѓаните на Македонија без разлика на различностите. Значи и Асан и Масан и Петко и Станко! Што вика хороскопот за Македонија за следната година. Вика, да извините работата е ‘‘ ташак‘‘! Што може да кажува хороскопот за држава која е веќе растурена, ама врзана е со жици како старо радио кое освен една песна што ја врти веќе триесет години, ништо друго не прави.  Со селотејп од сите страни. Понекогаш, за да направиш добра аналитика, треба да си сурово директен и искрен, затоа што се останато е веќе видено и чуено од устата на секојдневните големи македонски експерти, аналитичари и сезнајковци кои некаде во здрави држави не би биле ниту чувари во некоја институција. Ете, за да не се буните и јас сум еден од нив. Можете, а не морате да ја читате колумнава.

Што ке се случува внатре во Македонија според хороскопот. Ништо нема да се случи. Овој народ од кога постои, живее со онаа народната поговорка ‘‘ ти не можеш толку многу да ме ебеш колку што јас можам да издржам‘‘. Што и да се случува, овој народ ке си го лапне како поп сарма и ке кјути. Велат, мокар од вода не се плаши, па и да врне дожд, нема да биде ништо ново. Предвремени избори нема да има од неколку причини. Како прво, позицијата е свесна дека ако дозволи предвремени избори може да загуби и да се растури. Апсолутно не поради тоа што некој друг нешто ново и квалитетно нуди, туку поради податокот дека овој народ одсекогаш на гласање излагал за да казни некого, а не за да донесе на власт некој што е по квалитетен. Тоа е стара формула. Со оглед на тоа дека позицијата е свесна за незадоволството на народот, ќе стори се за да нема избори до крајот на регуларниот период на владеење. А, од друга страна ни американците нема да дозволат нови избори. Ке се создаде страшна празнина од неколку месеци во кои не само што тоа кошта пари во време во кое ионака ги нема, туку ке има само непотребен циркус кој на крај нема да донесе ниту една структура која може да донесе нешто спектакуларно, ново и спасително. Не заборавајте! И македонските и албанските партии на власт ‘‘прдат во иста тиква‘‘! Не смеат да се однесуваат поинаку затоа што тие немаат никаква своја политика освен онаа која им е наметната регионално а под диригентска палка на оној што има прекрасен поглед од калето накај градски парк. Македонија не е своја. Таа е само декларативно своја и само декларативно одлучува сама за себе.

А, народот како ‘‘бели мајмун‘‘ се пали дека е газда на сопствената држава. Колку и да е навредливо, дури и епитетот бели мајмун е малку да се каже. Кога еден народ не го бидува да си чува, негува, гради и воздигнува своја матична држава и од нејзе да прави топол дом, тогаш само декларативно ке бидеш газда на својата куќа која одамна ти ја купил некој бабуш. Велат дека наесен не чека катастрофална социјална ситуација со поскапувања, немаштија, и економска криза која безмилосно ке гази се пред себе. Нека! Бидете спремни на се, па овој народ поминал и времиња во кои се зимале јајца на ‘‘ бонови‘‘! Не е тоа во прашање. Тоа е форма. Суштината е нешто сосема друго. А таа вели дека сме брод кој плови со триста дупки во него кои го полнат со вода, која веќе ја мина црвената граница на еементарното човечко достоинство, егзистенција, чест и елементарно постоење. Македонија е колку и да звули застрашувачки, како отпушок од цигара фрлен во река која го носи со себе, а каде,.. Да! Знаат оние на Кале а богами и оние кои во Брисел после сите дискусии и состаноци на ‘‘највисоко‘‘ ниво се сеќаваат на Македонија само по тоа што јаделе Охридска пастрмка и пиеле црно Тиквешко вино. А што мислите вие, ги заболе курот за нас ( молам за извинување за фразава)!?! Е,.. мој наивен народе! СИ гледаат они свој есап и своја математика. А, Хороскопот што вика за Македонија!? Аа? Вика, ситуацијата е ‘‘ташак‘‘! Ама, ке измислиме нешто со што да се занимаваат оние у Македонија. Во меѓувреме не ги чепкај, нека крадат, лажат, богатат, манипулираат. Ех, па тоа е цена на мирот и стабилноста, па каква – таква! На овој народ во целово ова лудило му останува само да му се радува на Дедо Мраз и да бара од него да му сиполнува желби!  Арно ама, и  Дедо Мраз е преварант.  Да беше политичар, кој знае колку скандали за корупција и за далавери ке имаше.

Ама, ете, народ го сака и уште се надева дека тој исполнува желби. Еве, јас ке се правам наивен дека му верувам, па ке го замолам ако веќе исполнува желби мене да ми исполни една мала. Значи вака, Дедо Мраз, те молам како Аллах, дигни на клоци све ова што гледаш на јавната сцена, ама онака убаво на волеј, па ако се умориш, менувај нога. После, направи една влада во која ти ке бидеш премиер, барем ке бидеме на чисто дека се е ‘‘курташак‘‘ и тоа јавно! Ке спасиш многу аналитичари, експерти, политичари и луѓе што се прават многу паметни да маскираат тешка гомна во која се наоѓаме. Ке бидеме начисто дека сме ‘‘Паја Патак‘‘ држава и нема да бегаме од вистината дека Дедо Мраз ни е премиер. Ке бидеме атракција. Вака, поминаа неколку како тебе, а ние ги маскиравме како паметни, способни, вредни и чесни! Е, сега, кој е поголем преварант, тие, или ти! Ти барем имаш легитимитет на преварант! Се ке биде легитимно! Како да биде човек сериозен во ваква консталација на односи на политичката сцена? Затоа го спомнувам Дедо Мраз! Тој барем исполнува желби, така да јас во понатамошниот текст ке си ги кажам своите желби. Ако може фала, ако не, Аллах Керим!

Како да биде човек сериозен во ваква консталација на односи на политичката сцена? Затоа го спомнувам Дедо Мраз! Тој барем исполнува желби, така да јас во понатамошниот текст ке си ги кажам своите желби. Ако може фала, ако не, Аллах Керим! Натерај ги македонците да си ја сакаат својата држава онака реално , за да може и албанците да ја сакаат. Да научат од македонците како се гради држава и како се негува. Нека не им се лути никој. Никој не им дава пример од македонската страна. Вака не може да имаат пример што е тоа единство, братство и грижа за општествено добро. Натерај ги да разберат дека немаат никаква алтернатива. Само конструктивност и соработка со претходно издестилирани критериуми што е тоа јавно добро, државен интерес и прогрес.  Натерај го Мицковски да разбере дека ВМРО се додека не се отвори како партија за сите граѓани, а не само за ‘‘професионални македонци‘‘, нема да бидат никогаш партија на 21-век. Да разбере дека без албанците три пати да се преврти околу себе, не може да направи држава. Дека ‘‘комитите‘‘ се одадмна само една точка од историјата која ‘‘колку зулум овде, толку и онде‘‘ направиле низ времето, а тоа бугарите многу прецизно го документирале и го ставиле во своите архиви во Софија. Се има ‘‘црно на бело‘‘.

Да разбере дека Македонија не е ексклузивно чувана од ВМРО, туку од сите што живеат во неа. Да разбере дека албанците ја чуваат во моментов Македонија, а нив ги чуваат американците. Смешно, иронично, трагично, но вистинито! Натерај го Таче да разбере дека не е македонскиот ‘‘Тито‘‘!Однесе во сенка страшно јаки политичари кои допрва ке го растураат СДСМ до најситни делови. И не само СДСМ. Внесе и ‘‘и Фиљан и Фистик‘‘ во јавниот свет директно извлечени од пред селските задруги сметајки дека кумановскиот курназлак  може да се практикува и на државно ниво. Направи ‘‘село – весело‘‘ од јавниот живот. Кажи му да престане да се прави космополит од највисок ранг сметајки дека ако внел и одстапил кон албанците многу поени, ги направил затоа што е космополит. Не! Тоа е добро исценкано уште од времето на Заев. Дедо Мраз! АЛО!!!

Аман збори со кој што треба, замоли го и Аллах со една молитва да ја чува Македонија. Таа е одамна распадната, ама добро измаскирана како грда мома на која има многу шминка и парфем, па не се гледа дека има жолти неизмиени заби и дека е саката како држава. Натерај го овој народ да разбере дека само единството, довербата, нед- етничкиот пристап е лекот кој мораме под итно да го зимаме три пати на ден како апчиња препишани од доктор. Натерај ги и македонците и албанците да разберат дека оваа куќа во која живееме бара сложни браќа, бара селекција на млади деца кои не ги интересира ништо освен современа држава во која има место за сите. Дека има потенцијал, ама  сериозно да се преструктуира внатрешно, а пред се да го смени пристапот кон свесноста што е тоа здрава, современа  држава. Натерај го сиромавиот да има надеж, богатиот да има душа и милост, политичарот да има чест и морал, а децата да имаат иднина. Натерај го секој еден под ова небо во државава да сватат дека смо единството, разбирањето и соработката градат здрава држава. А за криминалот, корупцијата, социјалниот амбис, очајот, разочараноста!?  Уф! Кога добро ке размислам, колкави експерти немаат одговор на тоа и решение ,. Па ти! Во суштина што па тебе те молам!? Гледаш дека и јас сум изгубен целиот па се држам како давеник за сламка сметајки дека некој може да ја спаси Македонија. Ај, сиктер и ти! Заборави што сум те замолил! И официјално, Дедо Мраз, иди и ти у три пичке материне! Иди тамо лажи деца!!

ООО ЏЕМААТ! Ако го видите Дедо Мраз некаде дигнете го на клоци и шутирајте го како Лео Меси. Преварант е верувајте ми! Вежбајте шутирање, зашто како и да е, еден ден ке морате да ишутирате за свое добро еден голем број на политичари од јавната сцена. А, ако не го сторите тоа, историјата ке ве ишутира вас, па ке се прашувате ‘‘леле што направивме‘‘.  Е,… ‘‘леле де‘‘! МРШ ДОМА! Вежбајте шутирање зошто ако многу скоро не почнете да шутирате политичари,.. може ‘‘ да се јебете со све државата‘‘! СИКТЕР!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)