Хрватска: Андреј Пленковиќ повторно е избран за претседател на владеачката ХДЗ

32

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ победи на внатрепартиските избори и повторно е избран за претседател на владеачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Пленковиќ освои 82 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Миро Ковач 18 отсто. За потпретседател на ХДЗ е избран Томо Медвед, пренесе Хина.

По објавеноите резултати Пленковиќ изјави дека верува дека новото раководство на партијата успешно ќе ја предводи неа и членството до победа на парламентарните избори.