Хрватска воведува построги анти-ковид мерки

4

Во Хрватска од денеска стапуваат во сила нови антиепидемиски мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 – воведена е обврската на работодавците да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно, дополнително се ограничуваат собирите, а се најавува и поинтензивна контрола на угостителските објекти.

Според одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, забранети се јавни собири и настани на отворено за повеќе од 50 лица (досега беа 100), а собирите со потврди за ковид и со согласност на локалниот штаб се ограничени на 200 лица, јави Хина. Јавните собири со повеќе од 25 лица (50 досега) се забранети во затворен простор, а оние со потврда се ограничени на 100 лица. Воведени се нови мерки за приватните собири, така што е можно присуство на 20 лица (досега 30), а исклучени се собири каде секој има потврда и во тој случај на приватниот собир ќе можат да присуствуваат 50 лица. Нема промени во работата на угостителските објекти, но поинтензивно ќе се контролираат ограничувањата на бројот на гости, одржувањето физичко растојание од 1,5 метар и користењето маски при седење на маса, како и проветрувањето и чистењето на просториите. Од денеска бројот на гледачи на спортските натпревари е ограничен, па максимум 20 отсто од трибината ќе може да се пополни во затворен простор, а до 40 отсто на отворено.

Граѓаните мора да користат маски на верски церемонии и уметнички програми, во кина и изложби, како и на седници на претставнички тела, без оглед на тоа што поседуваат сертификат.