Хрватска на 4 јануари почнува вакцинација против ковид

46

Неофицијално, бројот на новозаразени денеска е 3 300 лица
Вакцинацијата против ковид – 19 во Хрватска најверојатно ќе започне на 4 јануари, изјави денеска епидемиологот Горанка Петровиќ, најавувајќи дека вакцините ќе пристигнат во земјата во првите денови од следната година.

Вакцините ќе бидат дистрибуирани до сите окружни институти за јавно здравје, и оттаму ќе бидат испратени каде што вакцинацијата е приоритет.

Тоа се домови за стари лица и изнемоштени лица, здравствени установи, болници и одделенија кои работат со пациенти со ковид, пренесува порталот Индекс.

Хрватска се соочува со голем пораст на заразени изминативе месеци. Вчера регистрирани се 2 360 нови случаи и 73 починати. Хрватските медиуми објавуваат неофицијално дека денеска бројот на нови случаи е 3 300. Во моментов на болничко лекување има 2 897 лица, од кои 304 се на респиратор.

Досега од почетокот на епидемијата, во Хрватска има вкупно 21 861 заразени.