Хрватска резервира 1,5 милион дози од вакцината против коронавирусот

20

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, синоќа изјави дека пред два дена потпишал договор на европско ниво за резервација на 1,5 милион дози од вакцината против Ковид-19, но не прецизираше од кој производител.

Тој посочи дека постои уште една глобална иницијатива, за која Хрватска сè уште не е сигурна дали треба да ѝ се придружи.

„Парите нема да бидат проблем кога ќе се појави вакцина што ќе биде релевантна, но до тогаш има многу време и испитувања“, рече Берош и додаде дека би сакал да биде оптимист, но дека не е сигурен колку брзо ќе дојде вакцината.

Берош, исто така, изјави дека новата апликација „Стоп Ковид“ е преземена повеќе од 15.000 пати досега.

„Никој не може да ја замени директната работа на епидемиолозите, но оваа апликација може да помогне да се информираат сите лица кои биле во контакт во последните 14 дена со позитивно лице“, рече Берош.