Хуманитарен брод спаси 113 луѓе кои биле во преполн гумен чамец во Средоземното Море

5

 

Хуманитарниот брод „Оушн Викинг“ спаси 113 луѓе кои биле во преполн гумен чамец во Средоземното Море во првата операција по приклучувањето во Франција во ноември по дипломатскиот спор меѓу Париз и Рим, соопшти денеска европската хуманитарна организација „СОС Медитеран“.

Меѓу мигрантите има „23 жени, од кои некои се бремени, триесетина малолетници без придружба и три бебиња, од кои најмалото е на возраст од три недели“, пишува „СОС Медитеран“, со седиште во Франција.

Мигрантите се спасени синоќа од преоптоварен гумен чамец во меѓународни води и во близина на либиска територија. За нив на бродот се грижеа членови на „СОС Медитеран“, како и вработени во Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Хуманитарниот брод за спасување моментално „продолжува да патролира“ и не се знае каде ќе може да ги симнува мигрантите.