Хус за Аки: Тој беше нашата локомотива и сега душата ми е празна како станица затоа што нема патници

13

Хрватска- Море од тага и емоции вчера ги обзеде сите што дојдоа на загрепски Мирогој на последното збогување на прерано починатиот фронтмен на Парни ваљак, Аки Рахимовски.

Покрај најтесното семејство, од омилениот музичар се збогуваа и колегите кои со децении блескаа и ја палеа хрватската музичка сцена со Аки, како што рече Хус, со кој имаа спомени три животи. Особено емотивни и тажни беа членовите на Парни Ваљак: Хусеин Хасанефендиќ Хус, Маријан Бркиќ, Берислав Блажевиќ и Тина Кресник, кои со години работеа со Ваљак, како и Јурица Паѓен. Меѓу оние кои дојдоа да го испратат Аки беа Златан Стипишиќ Џибони, Нина Бадриќ, Нено Белан …

Тешко е со зборови да се опише болката што се чувствуваше вчера со секој збор што успеаја да го кажат неговите блиски, а најемотивен беше неговиот најблизок соработник Хусеин Хасанефендиќ Хус.

Синот и ќерката на Аки, Едина и Кристијан
„Постојано размислувам за таа проклета сабота. Мислам, дали можеше да биде поинаку. Аки го живееше животот со полни бели дробови. Како Супернова. Беше и паун и кловн, се што требаше. Даваше се за лицата пред нас, за публиката. Кога пеешеза тагата, сите тагуваа, кога пееше за среќата, сите играа. Тоа беше воз кој не застануваше. Тој беше нашата локомотива и сега душата ми е празна како станица затоа што нема патници.Патувавме брзо пријателе и без застанување кога ќе дојде време- нема каење Само се надевам дека сега е смирен и го најде мирот што го бараше, рече вчера низ солзи Хус.

Со децении едно од најомилените лица на домашната музичка сцена, оваа сабота не напушти на 67 години. Откако му се слошило на излет во Ново Место, каде што бил со партнерката Барбара Весел и нивната двегодишна ќерка, итно бил пренесен во тамошната болница, каде што починал. (Глориа.хр)