Цела земја потона во мрак, само аеродромот работи нормално

4

Втор пат во рок од еден месец Малта потона во мрак.

Без струја се домаќинствата, продавниците и фабриките.

Tрговците не можеле да ги користат терминалите за платежни картички, а во некои случаеви не можеле ниту да ги отворат заштитните решетки од вратите и излозите на своите продавници.

Островот е без струја, а поради неработењето на семафорите денеска имаше сообраќаен хаос.

Државната компанија Енемалта како причина за прекинот на електричната енергија го спомна проблемот со кабелот преку кој Малта се снабдува со електрична енергија од Сицилија.

Сопствените капацитети се доволни за снабдување со електрична енергија на цела Малта, но Енемалта се потпира на снабдувањето од Сицилија бидејќи е поевтино.

Но, аеродромот во Малта работи нормално затоа што имаат генератори за струја.

Земјата целосно била без електрична енергија во 8 часот наутро, а потоа снабдувањето постепено се стабилизирало.

Во 2014 година Малта цели 18 часа била без струја.

Малта во 2015 година реши недостигот од струја да го реши со подводен кабел. Тој ја поврзува со континентална Европа и служи како поддршка доколку дојде до прекумерно оптоварување на тамошните електрични централи.