Цената на нафтата од утринава е во пораст, вредноста на барел е 116 долари

0

Цената на нафтата од утринава е во пораст. На лондонскиот пазар цената на барел нафта е 116 долари, што е раст за над 2 отсто во однос на вчера.

Цената на барел нафта на американскиот пазар исто така е во пораст и изнесува 110 долари за барел.

Членките на ОПЕК треба да се состанат оваа недела и да разговараат за ситуацијата со снабдувањето.

Цената на северноморската нафта Брент порасна за 1,18 отсто, на 116,5 долари по барел. Американската нафта се засили за 1,02 отсто, скокна до 110,8 долари за барел.

Пазарот со криптовалути утринава е во минус, вредноста на биткоинот изнесува 20.757 долари, што е пад за 2 отсто во однос на вчера.