Цените на нафтата близу 80 долари, во фокусот побарувачката во Кина и снабдувањето од Русија

11

Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата паднаа близу нивото од 80 долари за барел, поддржани од надежите дека изменетите епидемиолошки мерки во врска со коронавирусот во Кина ќе ја поддржат побарувачката и загриженоста за снабдувањето од Русија поради застојот на танкерите во Босфор.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше повисока за 57 центи отколку на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесува 79,92 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 35 цента повисока цена од ден претходно, од 74,60 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека барелот кошница референтна нафта на нејзините членки во вторникот поевтинил за 3.39 долари, на 79,77 долари.

Во фокусот на пазарите денеска беше застојот и метежот на танкерите во Босфорскиот теснец. Најмалку 20 танкери со нафта чекаат во турските води да преминат од Црното Море во Медитеранот, додека нивните оператори се обидуваат во што покус рок да ги испочитуваат новите турски прописи за осигурувањето на товарот и пловењето, воведени пред Г7 да ја ограничи цената на руската нафта, соопштија извори од индустријата. Г7 и ЕУ заедно со Австралија, им се заканија со санкции на осигурителните и на транспортните компании доколку превезуваат руска нафта поскапа од 60 долари.

Истовремено, Русија соопшти дека разгледува одговор на ценовниот лимит, вклучително и забрана на продажба на нејзината нафта за земјите кои ги прифатиле ценовниот лимит и за утврдување на максималниот попуст, извести рускиот деловен весник Ведомости. Агенцијата РИА, пак, рече дека руската влада со внимание и загриженост го следи метежот на танкерите пред Босфорскиот теснец.

„Доколку довербата во непрекинатото снабдување со руска нафта одиграла некаква улога во падот на цените во последниот период, веројатно тоа се засновало на заблуда. Тоа најдобро го покажува застојот на танкерите во турските води“, вели за Reuters Тамаш Варга PVM.

Поддршката на цените им даде и кинеската најава за обемни измени на епидемиолошките мерки за сузбивање на Covid-9, имајќи дека тоа би можело да ја поттикне побарувачката во најголемиот светски увозник на нафта.

Засилената побарувачка сигнализира, пак, и пад на резервите на сировата нафта во САД следната седмица, за околу 6,4 милиони барели, според извори од пазарот кои имале увид во извештајот на Американскиот институт за нафта (API), беше објавено во вторникот. Владата во Вашингтон подоцна во средата ќе ги објави официјалниот извештај за резервите.

Позначителниот раст на цените, пак, го закочи предупредувањето на големите американски банки за веројатноста од рецесија во следната година, забележува Reuters.