Цеца го одврза ќесето: Еве колку се потроши за свадбата на синот

70

Светлана Ражнатовиќ не штеди кога е во прашање нејзиниот син.

Фолк ѕвездата потрошила дури 120.000 евра за подготовките на свадбата.

„Цеца сака сè да биде на ниво за свадбата на Вељко и воопшто не штедеше пари. Тоа ќе биде вистинска српска свадба за која со месеци ќе се зборува. Цеца го жени синот и сака да ги сноси апсолутно сите трошоци“, раскаува изворот за Курир.рс.

Со оглед на тоа што ќе има 500 гости, Цеца сакала да плати и за гостите на невестата, но родителите на Богдана инсистрирале и тие да учествуваат, па ќе ги платат трошоците за нивните 150 гости.

„Ангажирана е агенција за декорирање на просторот. Куќата на Цеца и ресторанот ќе бидат украсени со најубаво природно цвеќе, а во салата ќе има дрвја. Сè е замислено да биде бајковито, а цената за декорациите е 30.000 евра“, вели изворот.

Цеца е горда што снашката изразила желба да ја носи нејзината венчаница, но ќе носи уште два фустани. Специјално за неа се шие фустан со 30.000 кристали, чија цена е 10.000 евра, а другиот, класичниот чини 5.000 евра“, вели изворот за Курир.рс.

„Тука се трошоците и за оделото на Вељко што го купил во странство за 20.000 евра и двата фустани на Цеца од 10.000 евра, оделото на Анастасија чини 2.500 евра, а нејзиниот фустан 3.000 евра. За накитот за невестата Цеца потрошила 15.000 евра, а за даровите за нејзините родители од по 2.500 евра. Кога ќе се повлече цртата, трошокот ќе биде околу 120.000 евра, рекол изворот.