ЦИА со месеци го предупредувала Трамп за коронавирусот, но тој го игнорирал тоа

11

Коронавирусот со страшна брзина се шири во САД, а Вашингтон Пост во петокот објави дека разузнавачките служби со месеци го предупредувале Доналд Трамп што би можело да се случи, но тој ги игнорирал сите предупредувања.

Во Америка моментално има најмалку 18.763 заразени, а досега од коронавирусот починаа 258 луѓе. Во државата Њујорк за само неколку дена се откриени повеќе од 8.000 заразени, а гувернерот Ендрју Куомо побарал 100.000 болнички кревети. Целата Калифорнија е во блокада, а американските држави се речиси целосно препуштени на самите себеси, бидејќи федералната влада многу слабо реагираше.

Како што пишуваат Вашингтон Пост, ЦИА многу брзо откако вирусот почнал да се шири во Кина предупредила дека станува збор за потенцијална пандемија, но Трамп во старт ги исфрлал таквите теории нарекувајќи ги претерување. ЦИА од првиот ден ја следела ситуацијата со вирусот во Кина и предупредувала дека тамошната власт ја крие реалната слика која е многу сериозна. Разузнавачите не предвиделе кога вирусот би можел да ги погоди САД ни што би требало да направат во тој случај, но на време ги известиле сите клучни луѓе во американската влада.

Прочитајте и… Драстична промена на времето: Од утре дожд и снег на повисоките места
„Доналд Трамп ова можеби не го очекувал, но многу луѓе околу него го очекуваа. Но, не можеа да го наговорат да преземе нешто. Се запалија сите можни црвени светла“, рекол за Вашингтон Пост неименуван извор од разузнавачките кругови.

Дури откако луѓето навистина почнаа да умираат, а заразата почна неконтролирано да се шири во земјата, Трамп на сила го стави воениот закон од 1950 година со кој владата ја превзема контролата со производните процеси во земјата. Права федерална реакција се уште нема ниту е објавена национална стратегија за борба со вирусот.