Циципас: Ѓоковиќ направи да изгледаме како будали

4

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не го крие разочарувањето од драмата која се случи во Австралија по пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ, потенцирајќи дека српскиот тенисер ја предизвикал со тоа што се обидува да ги почитува само сопствените правила.

Во последното видео интервју пред почетокот на Аустралијан Опен, Циципас јасно го кажал својот став за целата ситуација.

– Ѓоковиќ дефинитивно игра по свои правила и прави некои работи за кои мнозинството тенисери не би имале храброст да ги направат. АТП ги објави критериумите за влез во Австралија и јас никогаш не би тргнал невакциниран за да влезам во земјата, со што би ги кршел протоколите.

– Очигледно сите не се подготвени да ги следат правилата кои се одредени од државата.

– Мал процент си бира некој свој пат и прави ние останатите да изгледаме како будали, – рекол Циципас кој се вакцинираше во пресрет на турнирот во Мелбурн.