Црвена Звезда го продаде Марко Марин во Саудиска Арабија

5

Српскиот првак Црвена Звезда со многу промени влегува во 2020 година. По доаѓањето на Дејан Станковиќ за нов шеф на стручниот штаб, раководството на клубот одлучи да го продаде и капитенот Марко Марин. Тој во иднина ќе настапува за Ал Ахли од Саудиска Арабија, а „црвено-белите“ неофицијално ќе добијат отштета од 2 милиони долари. Фудбалерот за две и пол сезони ќе заработи 5 милиони долари.

Ал Ахли на официјалниот сајт објави дека првиот човек на клубот, Ахмад Ал Сајег, постигнал договор со Марко Марин за трансфер и пред потписот треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи.

Марко Марин дојде во Црвена Звезда во јануари 2018 година како вистинска „бомба“ за 700.000 евра од редовите на Олимпијакос. На 58 натпревари во дресот на српскиот шампион тој постигна 11 гола и забележа 24 асистенции.