Црна Гора: За употреба на пластични кеси казни и до 20.000 евра

10

Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора со Предлог-законот за управување со отпад предвидува забрана на кеси, вреќи и торби за еднократна употреба изработени од пластичен материјал што се користат за ставање на артиклите на купувачите.

Предлог-законот пред пратениците во црногорскиот парламент треба да се најде во септември, а со него се предвидуваат ригорозни казни за правни и физички лица во распон од 500 до 20.000 евра за правно лице, од 500 до 6.000 евра за претприемачи и од 30 до 2.000 евра за физичко лице. Целта е заштита на животната средина, пренесува РТЦГ.