Црна Гора ќе добие воена опрема од Турција во вредност од 15 милиони евра

5

Турското Министерство за одбрана во следните пет години на армијата на Црна Гора ќе и донира опрема во вредност од околу 15,5 милиони евра.

Турската амбасада во Подгорица потсетува дека Турција и Црна Гора потпишаа многу воени договори, вклучително и Рамковниот договор за соработка во воените полиња за обука, технологија и наука во 2014 година и Договорот за соработка во областа на воената индустрија во 2017 година.

– Договорот за воена финансиска соработка обезбедува помош во вредност од 100.000 милиони турски лири (околу 15 милиони евра) за модернизација на вооружените сили на Црна Гора, а со Протоколот за финансиска помош се предвидени 3,5 милиони турски лири (околу 0,5 милиони евра) помош за обука на вооружените сили на Црна Гора. Средствата ќе се доделуваат постепено, за периодот 2020-2024 година, информира Амбасадата.

Договорите не предвидуваат директен трансфер на пари.