ЦУК: Потрагата по женско лице кое се фрлило во Вардар продолжува до вливот на Бабуна

5

 

ЦУК информира дека неговиот велешки регионален центар за управување со кризи од вчера по полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар. Утрото потрагата продолжила, при што се вклучени шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес.

-Синоќа, на лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од велешкото СВР. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со велешкото СВР и велешката ТППЕ има добиено информации дека телото сè уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), информираат од ЦУК.

Утринава во потрагата се вклучиле шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес.

-Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар сè уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата, известуваат од ЦУК.