Чави: Не бевме ефективни, мора да ја поправиме реализацијата

9

Малиот Кадиз, кој се бори за гол прволигашки живот, успеа да ја прекине серијата без пораз на Барселона во Примера. Со голот на Лукас Перез „жолтите“ освоија три бода на „Камп Ноу“ и ги искомплицираа плановите на Каталонците за лов на лидерот Реал Мадрид во последните шест кола.

Тренерот на Барса, Чави го анализираше поразот против Кадиз.

„Противникот делуваше агресивно во одбраната и беше добро организиран. Мора да ја анализираме нашата работа и да продолжиме понатаму. Продолжуваме да се бориме за пласман во Лигата на шампионите.

Изминатата недела беше лоша за нас и треба што поскоро да ги свртиме работите. Имавме три добри шанси, но мора да ја подобриме реализацијата. Без голови нема победи. Сега треба да бидете крајно самокритични. Не бевме ефективни“, истакна Чави.

Шанса да се поправи Барса има веќе в четврток кога гостува во Сан Себастијан против Реал Сосиедад.