Чави објасни зошто ја одби Барселона

8

Клупската легенда беше главен фаворит за преземање на тренерската функција, но одлучи да ја одбие понудата.

Преговорите околу враќањето на Чави Ернандез во Барселона го водеа извршниот директор Оскар Грау и спортскиот директор Ерик Абидал, во Дога и кога се мислеше дека работата е завршена, поранешниот капитен на каталонците ја одби понудата.

По неколку дена откако ја одби понудата по што Барселона го назначи Кике Сетиен за тренер, Чави се огласи и објасни зошто се одлучи на ваков чекор.

– Нема да кријам, постоеше понуда од Барселона и имав преговори со Ерик Абидал и Оскар Грау. Не ја прифатив понудата бидејќи сметав дека сè уште е рано за моето враќање на „Камп Ноу“, иако во иднина сакам да бидам тренер на Барселона. За понудата прво му кажав на моето семејство, а потоа и на играчите на Ал-Сад – изјави Чави кој имаше пофални зборови за новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен.

– Ми се допаѓа изборот на новиот тренер и неговиот начин на работа. Се надевам дека ќе има голем успех со екипата.