Чави повторно се нуди: Јас и мојот тим се подготвуваме за клупата на Барселона

6

Секогаш кога резултатите на Барселона не се на очекуваното ниво, шпанските медиуми излегуваат со изјава од Чави Ернандез.

Поранешниот капитен на каталонците, а сега тренер на катарскиот тим Ал Саад повторно се нуди да седне на клупата на шпанскиот гигант. Тој имаше првични разговори со директорот Ерик Абидал уште во јануари, но тогаш Чави не бил заинтересиран за позицијата, па работата отиде кај Кике Сетиен.

Чави доколку биде идниот тренер на Барселона сака да започне свој проект и да има поголемо влијание во носењето на одлуки во клубот.

„Мојот најголем сон е да ја тренирам Барселона. Во јануари добив понуда, но околностите не беа добри и моментот не беше правилен. Сакам да ја вратам Барселона на победничките патеки. Не јас да се вратам на победите, туку овие играчи и Барса да победува. Како последица на тоа, мојот технички тим се подготвува за такво нешто и тоа не прави навистина релаксирани“, вели Чави за „Спорт.ес“.

„Јас човек од клубот. Би сакал да се вратам во вистински момент и да започнам проект од нула. Имам кажано многу пати, ако се вратам сакам да имам моќ да носам фудбалски одлуки. Јасно е дека по изборите сцената ќе биде наместена. Не сакам да исклучам ништо во овој момент“, завршува Шпанецот.

Како стојат работите во Ла Лига моментално, Кике Сетиен многу лесно може да добие отказ по завршувањето на сезоната, доколку Барселона не ја освои шампионската титула. Реал Мадрид од овој викенд има два бода предност на врвот.