Чави ја одби Барселона, но клубот веќе има нов тренер кој се обидуваат да го договорат

6

Шпанските медиуми вчера објавија дека легендарниот Чави Ернандез ќе биде нов тренер на Барселона, но сега е јасно дека тоа нема да се случи.

Челниците на Барселона биле неколку дена во Доха за да се обидат да го убедат Чави да се врати на Камп Ноу во тренерска улога, но легендарниот играч на каталонскиот клуб им порачал дека не чувствува дека е вистински момент за таков чекор.

И покрај фактот дека Чави нема да ја води Барселона во овој клуб не се откажуваат од потрагата од нов тренер. Мундо Депортиво вчера објави дека Ернесто Валверде денеска веројатно ќе добие отказ по состанокот на управата.

Во Барселона сакаат прво да најдат замена, па потоа да му врачат отказ на Ернесто Валверде, но доколку не успеат во тоа тогаш шпанскиот стратег ќе остане на клупата до крајот на сезоната колку што му трае договорот.

Но, по одговорот на Чави челниците на Барселона започнале преговори со два нови кандидати, а тоа се Маурицио Покентино и Кике Сетин кој се чини дека се крајна опција за Каталонците.

Барселона ќе се обиде да го убеди Покентино да го превземе клубот бидејќи неколку пати и самиот изјави дека тоа е тешко остварливо да ја води Барселона бидејќи некогаш играл за градскиот ривал Барселона, а на клупата на овој тим бил четири години.

Сепак, Аргентинецот е без работа веќе некое време по отказот од Тотенхем и сигурно е дека повикот од Барселона ќе биде примамлив. Меѓутоа, веќе денеска би требало да биде познато дали Валверде ќе остане тренер на Барселона.