Чавушоглу се закани со војна: Ако Грција ја прошири територијата на море тоа би било повод

8

Можното грчко проширување на територијалните води долж морската граница спрема Турција би била повод за војна, изјавил турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

– Нема да дозволиме Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското море на 12 милји, рекол Чавушоглу.

Ова предупредување следи откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води во Јонското море, спрема Италија, ќе бидат проширени од шест на 12 милји.

И Турција и Грција имаат шест милји територијални води во Егејското море, каде се наоѓаат голем број грчки острови недалеку од турскиот брег. Грција и Турција, двете членки на НАТО, имаат спор околу турските планови за истражување во Источниот медитеран, за кој се верува дека е богат со нафта и гас.