Чаневски со најдобрата одбрана на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

19

Во претпоследниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите Еурофарм Работник загуби на гостувањето кај Кокс со резултат 23:21.

Голманот на битолскиот клуб, Градимир Чаневски на дуелот против Финците имаше одбрана, а токму таа се најде во изборот на ЕХФ.

Домаќините имаа седмерец, ја погодија стативата, повторно се одби до Богојевиќ кој имаше нова шанса, но повторно не успеа, откако на еден фантастичен начин беше запрен неговиот удар од Чаневски.

Уште еден играч на Еурофарм Работник се најде во изборот на Европската ракометна федерација, Ловро Јотиќ го има третиот најдобар гол на колото, кој испрати еден „проектил“ на дуелот против Кокс.

Видеото може да го погледнете тука.