Челзи го изненади Атлетико Мадрид, бранителот на титулата Баерн доминантен во Рим

19

Во фудбалска Европа продолжи осминафиналната нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Бранителот на тронот Баерн Минхен беше убедлив на гостувањето во Рим кај Лацио, а на неутрален терен во Букурешт Челзи славеше минимална победа над лидерот во Шпанија Атлетико Мадрид.

Лацио на Олимпико во Рим го пречека бранителот на трофејот Баерн Минхен и доживеа катастрофа од 1-4. Во Букурешт со голот на Жиру Челзи го изненади лидерот во шпанската Примера, Атлетико Мадрид.

Германскиот гигант Баерн Минхен со одлична игра во првиот дел запиша убедлива победа над Лацио во Рим од 1-4.Првиот гол за гостите од Минхен беше дело на неверојатниот Роберт Левандовски со кои полскиот ас го мина на вечната листа на најдобрите стрелеци во Лигата на шампионите легендарниот Шпанец Раул.

Во Букурешт Челзи како гостин го победи Атлетико Мадрид со 0-1. Гостите од Лондон во сите 90 минути од мечот ја имаа контролата на играта и резулатот и полека ја плетеа мрежата околу шеснаесетникот на Атлетико.

Тимот на Симеоне успешно се бранеше до 68 минута кога Оливие Жиру со атрактивен удар ја погоди мрежата на Облак и ги постигна конечните Атлетико М. – Челзи 0-1.