Челзи е подготвен да плати повеќе од 10 милиони евра за Мукоко

6

Челзи се подготвува да го ангажира напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко во зимскиот преоден рок.

Според „Diario Sport“, лондонскиот клуб е подготвен да плати повеќе од 10 милиони евра за 18-годишниот играч.

За германскиот напаѓач е заинтересирана и Барселона, но Каталонците можеби се подготвени да платат за него во јануари наместо да чекаат до летото кога му истекува договорот на Мукоко со Борусија.

Фудбалерот оваа сезона одигра 22 натпревари за германскиот клуб во сите натпреварувања, постигна шест гола и имаше шест асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Мукоко на 30 милиони евра.