Челси поведе па се спасуваше од пораз кај Лестер

4

Возбудлив натпревар на „Кинг пауер“ стадионот, Челси поведе со голот на Ридигер, Лестер направи пресврт за десет минути, па истиот играч ги спасуваше „сините“ од пораз.

Во првиот натпревар од 25. коло во Премиерлига, Лестер и Челси одиграа 2-2. По прво полувреме без погодоци, гостите поведоа на стартот од вториот дел. Се изведе корнер од левата страна, Ридигер скокна највисоко и донесе 0-1.

Лестер сепак брзо го сврте резултатот во своја корист, Барнс изедначи на 1-1 во 54. минута, а Чилвел донесе предност од 2-1 во 64. минута.

Во 71. минута од мечот, по еден прекин, Ридигер повторно скокна највиско и донесе 2-2. До крајот на мечот двата тимаа имаа шанси да стигнат до победа, но мораа да се задоволат со поделба на бодовите.