Червар не може да престане да плаче: Македонските судии ни ја украдоа титулата

6

Селекторот на Хрватска повторно ги обвини судиите Начевски и Николов за поразот во финалето на Европското првенство.

Нашите судии добија највисоки оценки за делењето на правдата во финалниот меч против Хрватска и Шпанија, но Червар очигледно е лош губитник па не може спортски да го прифати поразот. Тој прстот повторно го впери кон Македонците.

„Неколку дена по финале ми се јавија поранешни судии, едни од најпознатите судиски двојки во историјата на ракометот. За нив нема никакви дилеми, ми рекоа „Лино, па вие сте украдени во финалето. Читавме дека ги фалат Николов и Начевски за судењето во финалето и одлучивме да ви се јавиме. Па вие сте оштетени во десет ситуации против Шпанија. Ви го украдоа златото“, вели Червар.

Од неговите изјави може да се види дека тој за секој важен натпревар кој го загубил ги обвинува судиите.

„Моите играчи се херои! Ние сме морални побендници. За жал, ова не е прво финале во кое сме оштетени. Па се сеќавам дека така беше и во 2008, 2009, 2010. Три години по ред бевме оштетувани во финалињата. Па лани тоа против Германија на Светското првенство. Тогаш судиите пизнаа дека нè оштетија. Жал ми е за моите играчи“.

„Во Македонија добив најголеми државни признанија. Македонците ми дадоа и државјанство како благодарност за сè што направив за нивниот ракомет, но ете сега ме оштетија во финалето“.