Честитки до кралицата Елизабета за големиот јубилеј и од Северна Кореја

10

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и го честиташе големиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, соопшти Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг. Велика Британија вчера започна четиридневни забави и паради за да ги прослави рекордните 70 години на британскиот трон на кралицата.

„Ви упатувам честитки до вас и до вашиот народ по повод националната прослава во вашата земја“, напиша Ким во пораката.

Лондон и Пјонгјанг воспоставија дипломатски односи во 2000 година. Двете земји ги задржаа амбасадите и покрај влошените односи меѓу Северна Кореја и западните земји поради нејзината нуклеарна програма. Во моментов, британската амбасада во Пјонгјанг е затворена поради строгите мерки во Северна Кореја поврзани со ковид-19.

Минатата година официјалната новинска агенција КЦНА објави дека кралицата Елизабета Втора му ја честитала на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја на 9 септември.