Четврти смртен случај во Србија од коронавирусот, почина жена од Ниш

15

Во Србија е регистрирана четвртата жртва како последица од коронавирусот. Станува збор за жена од Ниш која била дијабетичар, а дел од медиумите пренесоа дека станува збор за докторка.

„Беше на респиратор од 21. март, тежок облик, лекарите се бореа но не успеаја да и помогнат“, изјави министерот за здравство, Златибор Лончар.