Членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан се уште можно

8

Шефовите на Европскиот совет и Европската комисија Шарл Мишел и и Урсула фон дер Лајен изразија желба за што потесни врски со земјите од Западен Балкан со цел Европската унија да го зачува кредибилитетот откако надежите за членство на Северна Македонија и Албанија беа изгубени неодамна. „Мислам дека е во наш заеднички геостратегиски интерес да го имаме Западен Балкан што е можно поблиску до Европската унија“, изјави Урсула ван дер Лајен во Брисел на состанокот ЕУ-Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека „очекува интензивна и отворена дискусија“ со лидерите на шесте земји од Западен Балкан пред клучниот самит во мај во Загреб. Во октомври лани на Северна Македонија и Албанија им беше кажано дека почетокот на преговорите ќе бидат одложени се додека не се реформира Унијата.