Човекот кој гол го прекина мечот во Гранада бил познат бизнисмен

12

Натпреварот меѓу Гранада и Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лига Европа беше прекинат накратко во шестата минута затоа што на теренот влета еден човек без облека.

Иако присуство на публика на мечот не беше дозволена, сепак еден навивач успеал некако да влезе на стадионот, а потоа и да втрча на теренот.

Набрзо бил откриен и неговиот идентитет, а станува збор за Олмо Гарсија, еден од најпознатите нудисти во Гранада. Тој повеќе од десет пати бил казнуван од страна на локалните власти поради тоа што се шета гол.

Олмо е и бизнисмен, а целосно гол може да го сретнат луѓето и надвор од фудбалските терени.