Чудесен дабл-дабл на Јокиќ, Кари броеше до 46 поени

0

Во текот на ноќта во НБА лигата се одиграа 11 од планираните 12 натпревари. Единствениот одложен меч беше оној меѓу Портланд и Бруклин.

Никола Јокиќ оствари чудесен дабл-дабл, но ниту тоа не му помогна на неговиот Денвер да избегне пораз на домашен терен од Шарлот со резултат од 107:115.

Јокиќ натпреварот го заврши со 29 поени, 21 скок и 5 асистенции, а шестмина негови соиграчи беа двоцифрени и вистинско чудо е што Нагетс не славеше.

За тоа се погрижија Кели Убре (23 поени), Тери Розиер (17 поени), ЛаМело Бол (16 поени) и Михал Бриџис (16 поени).

Одлична вечер имаше и Стеф Кари кој постигна 8 тројки против Мемфис и натпреварот го заврши со вкупно 46 поени, 4 скока и 4 асистенции.

Заедно со него единствен со двоцифрен учинок во редовите на Вориорс беше Гери Пејтон Џуниор со 22 поена, но и тоа беше доволно за триумф со резултат 113:104.

Во редовите на Мемфис најдобар беше Џа Морант со 21 поен и 6 асистенции.

Резултати:
Индијана Пејсерс – Хјустон Рокитс 118:106
Орландо Меџик – Њу Орлеанс Пеликанс 104:110
Филаделфија 76ерс – Атланта Хокс 96:98
Мајами Хит – Детроит Пистонс 115:112
Њујорк Никс – Вашингтон Визардс 117:124
Далас Маверикс – Милвоки Бакс 95:102
Денвер Нагетс – Шарлот Хорнетс 107:115
Феникс Санс – Оклахома Сити Тандер 113:101
Јута Џез – Минесота Тимбервулвс 128:116
Голден Стејт Вориорс – Мемфис Гризлис 113:104
Портланд Треил Блејзерс – Бруклин Нетс одл.
Лос Анџелес Лејкерс – Сан Антонио Спарс 110:138