Чудесен кош и моќно враќање на Дончиќ, Лејкерс по продолжение го победија Денвер (ВИДЕО)

6

Лука Дончиќ ја санираше повредата и се врати против Сакраменто со кош кој ќе се врти по најавните шпици и 33 поени, ЛА Лејкерс по едно продолжение стигна до победа на незгодното гостување кај Денвер.

Словенецот го мачеше ситна повреда на скочниот зглоб, се стравуваше дека тој би можел да го пропушти Ол-стар натпреварот, но Лука Дончиќ се опорави навреме и утрово направи кам-бек на терените со неверојатна партија.

Дуелот со Сакраменто го започна со чудесен кош, под прекршок и со една рака реализираше кош кој се врти по најавните шпици. Мечот го заврши со 33 поени, 12 скокови и 8 асистенции и го предводеше Далас до убедлив триумф од 130-111.

ЛА Лејкерс си замина од незгодното гостување кај Денвер со победа од 116-120, на „езерџиите“ им беше потребно едно продолжение за да ги скршат „нагетс“.

Леброн Џејмс мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 32 поени, 12 скокови и 14 асистенции. Одлична партија имаше и Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 33 поени и 10 скокови.

Во редовите на Денвер, Никола Јокиќ реализираше дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 скокови, а прв играч беше Мари исто така со дабл-дабл учинок од 32 поени и 10 асистенции.