Чудо во Албанија: После два дена маж извлечен од рушевините (ВИДЕО)

15

Спасувачките екипи во Албанија, два дена по разорниот земјотрес успеаа од рушевините да извлече 33- годишен маж.

Човекот, кој е жител на Туман, место кое беше најблиску до епицентарот, е извлечен во драматична акција.

Бројот на настрадани во земјотресот во Албанија се искачи на 49 лица.

Бројни спасувачки екипи од целиот регион веќе неколку дена се обидуваат да најдат знаци на живот во рушевините.

Момчето кое беше извлчено во драматична акција, под урнатините поинал два дена.

Толку време било потребно да се отстранат тони бетон и шут кои го затрупале.