Чулев: 94 граѓани за едно деноноќие затекнати и приведени на улиците по 21 часот

13

Генерална оценка е дека мерките на владата се почитуваат од граѓаните, рече Чулев на днешната прескоференција соопштувајќи ги следните податоци за нивното почитување.

Мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 502 граѓани, од кои 459 лица од 18-67. Во последните 24 часа 94 лица не ја почитувале.

Вкупно се приведени 192 лица. Во посоледните 24 часа 37 години, од кои 7 лица на 18 години. Во поднесоците до јавното обвинителство 123 кривични пријави и 12 известувања за 158 сторители, по член 206 од кривичниот законик.

За мерката за самоизолација до денеска од 26 февруараи се издадени 1620 решенија, а за 24 часа 90 решенија. Во последните 24 часа не е констстирано ниту едно прекршување. Потпишани се 9025 изјави за почитување на самоизолацијата. Вкупно 123 кривични пријави, а 5 псоледните 24 часа.

Вчера со хуманитерен превоз од Малме и Загреб пристигнати се 290 патници, а денеска очекуваме патници од Љубљана. Над 2000 граѓани се во државен карантин, инормираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.