Чупиќ: Навивачите на Вардар ми се најдраги, сакам да ги поздравам пред да си одам

56

Иван Чупиќ по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти таборот на Вардар по пет години. Хрватот ќе се врати во татковината поточно во Загреб.

Крилото во Македонија ќе остане запаметен како еден од најдобрите ракометари кои некогаш се појавиле во нашата земја. Навивачите на Вардар посебно ќе го паметат по неговите решавачки голови, двете титули во Лигата на шампионите, неговата борбеност и пред сè квалитетот.

„Би сакал навивачите да се вратат на трибините и кога ќе дојде крајот да можам да им отпоздравам и да им се заблагодарам на незаборавните пет години од мојата кариера. Ми фали тој здив од трибините, кој не носеше постојано, како во клубот, така и во репрезентацијата. Навивачите на Вардар се мојата најдрага публика и бил навистина тажен ако не добијам уште една прилика да им се заблагодарам“, изјави Чупиќ за „Спортске новости“.