Чурлинов: Ако Шалке не ме сака, се враќам во Штутгарт

10

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов по сезоната помината на позајмица во Шалке се враќа во Штутгарт, откако двата тима не се договорија за трансфер.

Шалке изрази желба да го откупи договорот на Чурлинов, но Штутгарт бараше премногу, три милиони евра. Исто така, Штутгарт не се согласи да го остави Македонецот на позајмица и следната сезона бидејќи Шалке не сакаше да прифати задолжителен откуп идното лето.

– Навистина уживав минатата сезона во дресот на Шалке со фантастичните навивачи на овој тим. Сепак, доколку Шалке не успеа да се договори со Штутгарт и доколку овој клуб не сака да продолжам таму, тогаш ќе се вратам во Штутгарт. Знам дека конкуренцијата е огромна, но ќе одам таму и ќе се борам за место во тимот – изјави Чурлинов.

Штутгарт го купи Чурлинов од Келн, а македонскиот репрезентативец минатата сезона одигра 22 натпревари за Шалке и постигна осум гола.