Шампионот во губитничка низа: Јута ги преслуша Лејкерс

7

Слично како и на минатиот натпревар кога постингаа 28 тројки, кошаркарите на Јута утринава го „бомбардираа“ и шампионот Лејкерс со 22 тројки за победа од 114-89.

Тоа беше тимска победа на Џез, бидејќи четворица од петтемината стартери имаа двоцифрен ефект, а вкупно шест кошаркари постигнаа најмалку 10 поени. Најдобри беа Руди Гобер и поранешниот кошаркар на Лејкерс, Џордан Кларксон со по 18 поени.

Кај Лејкерс, кои го запишаа четвртиот пораз во низа и вкупно петтиот на последните шест натпревари, Леброн Џејмс беше најдобар со 19 поени, Монтрез Харел постигна 16. Без Ентони Дејвис во ростерот, очигледно шампионот не е истиот тим, а мора да се истакне дека и натаму повреден е Денис Шредер.

Оклахома го совлада Сан Антонио со 102-99 благодарение на одличната игра на Шаи Гилгеус-Александер, кој постигна рекордни за негов во кариерата 42 поени.

На дербито на Истокот, вицешампионот Мајами беше подобар од Торонто со 116-108. Данило Галинари постигна 38 поени за Атланта во триумфот од 127-112 против Бостон.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Кливленд – Хјустон 112-96
Индијана – Голден Стејт 107-111
Чикаго – Минесота 133-126 (ПП)
Њу Орлеанс – Детроит 128-118
Феникс – Шарлот 121-124