Шаќири го презеде кормилото на Шафхаузен

11

Македонецот веднаш ќе почне со работа штом ја добие работната дозвола, известуваат од швајцарскиот второлигаш.

Македонската фудбалска легенда Артим Шаќири својата тренерска кариера ја продолжува на кормилото на швајцарскиот второлигаш Шафхаузен, каде ќе го наследи Мурат Јакин на таа позиција.

47 годишниот Шаќири, кој инаку има УЕФА Про лиценца, првото искуство како тренер ја имаше на кормилото на тетовска Шкендија, а потоа албанскиот прволигаш Кукеши, а таму беше тренер и на Фламуртари, но и малтешкиот клуб Пемброке Атлета.

Како за потсетување, Шафхаузен беше среќниот клуб на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски, по што почна големиот развој во кариерата на популарниот „Џани“, неа биде така и за Шаќири.